Сенегалецот бил на чекор до Олд Трафорд

Мане откри дека го одбил Манчестер јунајтед за Ливерпул: Се беше договорено, но потоа...

Садио Мане открива дека бил многу блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, се било договорено за негова преселба на Олд Трафорд но еден телефонски повик од Јирген Клоп го убедил да го одбере Ливерпул.

Во разговор со Џејми Карагер, Садио Мане откри дека во 2016 договорил трансфер во Манчестер јунајтед, но еден телефонски повик од Јирген Клоп придонел да се предомисли и да заврши во редовите на Ливерпул.

„Морам да признам, бев многу блиску до преселба во Манчестер јунајтед“ – вели Сенегалецот. „Договорот ме чекаше за потпис, се беше договорено, се беше подготвено, но на крајот се предомислив, „Не, сакам да одам во Ливерпул“. Бев убеден да го одберам проектот на Клоп“.

„Добро го паметам првиот разговор со Клоп, ми се јави и ми рече, „Садио слушај, сакам да ти објаснам што се случи со Дортмунд“. Сакаше да ме ангажира уште кога беше тренер во Дортмунд но поради одредени причини зделката не се реализираше. Се обиде да ми објасни а јас му реков, „Во ред, се случуваат такви работи“. И му простив“.

„Потоа ми рече, „Сега сакам да ми се придружиш во Ливерпул“. Му одговорив, „Важи, Дортмунд е минато, ајде да се фокусираме на иднината“. Тој додаде, „Имаме голем проект во Ливерпул и сакам да бидеш дел од него““.

Садио Мане сега се поврзува со заминување од Ливерпул, Баерн Минхен сака да го донесе на „Алианц Арена“, а Сенегалецот порача дека по финалето во Лигата на шампиони ќе открие каде лежи неговата иднина.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе