Напаѓачот сака да го дели своето богатство

Мане: Не ми требаат 10 Ферарија и часовници со дијаманти, прeферирам да градам училишта и да помагам на сиромашни

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане преферира парите заработени од фудбалот да ги искористи за да им помогне на оние кои немаат, наместо да купи скапи автомобили и луксузни часовници.

Фудбалот од година во година станува се полукративен, една или две добри сезони обезбедуваат богати трансфери и суми кои во минатото се плаќале само за најдобрите играчи. Играчите добиваат огромни плати, кои најчесто ги трошат на скапи автомобили, накит и огромни вили. 

Но има и исклучоци од правилото, еден од нив е Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул вели дека не го сака ваквиот живот и преферира да им помогне на другите. 

„Зошто би сакал да имам 10 Феррија, 20 часовници со дијаманти или два авиона? Како овие предмети ќе ми помогнат мене и на светот?“ - вели Мане. 

„Гладував, работев на поле, преживеав војни, бос играв фудбал, немав образование и уште многу други работи... Но денеска со парите кои ги заработувам благодарејќи на фудбалот, можам да им помогнам на другите. Градам училишта, игралишта, обезбедувам облека, обувки и храна за луѓето кои живеат во голема сиромаштија“. 

„Не ми треба да се фалам со луксузни автомобили, лукзусни вили, авиони, патувања... Преферирам да го споделам она што животот ми го дал“.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе