Откриени платите на „Алианц Арена“

Мане е најплатен фудбалер на Баерн по трансферот на Левандовски во Барса,(ФОТО)

Медиумите од Германија ги открија платите во Баерн Минхен, по трансферот на Роберт Левандовски во Барса, Садио Мане е најплатен фудбалер со примања од 22 милиони евра бруто.

Роберт Левандовски со години беше најплатениот играч на Алианц Арена, но откако Полјакот си замина од Минхен, на врвот сега е летното засилување Садио Мане.

Според пишувањaта на Билд, Сенегалецот заработува повеќе од легендите како Мануел Нојер и Томас Милер и со 22 милиони евра бруто по сезона е најплатен фудбалер на Баерн.

Интересно е тоа што најскапото летно засилување, Матајс де Лихт е дури девети. Холанѓанецот, кој заработуваше 12 милиони евра по сезона во Јувентус, прифатил намалување на платата и сега има околу 16 милиони евра бруто, или околу 8 милиони евра нето.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе