Напаѓачот стави крај на кариерата

Манџукиќ на маса имал две понуди, Хрватот сепак се реши за пензија

Марио Манџукиќ стави крај на кариерата, 35 годишниот напаѓач реши да ги обеси копачките на ѕид и покрај тоа што на маса имал две понуди.

Марио Манџукиќ оди во пензија, Хрватот одлучи да стави крај на кариерата. 35 годишниот напаѓач на маса имал две понуди, но решил да му каже збогум на фудбалот и да ги обеси копачките на ѕид.

Последната негова авантура беше во дресот на Милан, претходно играше во Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфзбург, Динамо Загреб, НК Загреб и Марсонија.

Во кариерата освои многу трофеи во 2018 играше и финале на Светското првенство и стигна до сребрен медал. Во постот со кој најави крај на кариерата, има и посебно место за овој успех, односно голот кој го постигна против Англија во полуфиналето во 108. минута.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе