Бараж за пласман на СП

Манчини: Ќе биде тешко со Македонија, но нашата цел е да го освоиме Светското првенство

Селекторот на Италија, Роберто Манчини сака позитивно да размислува пред бараж дуелите, вели дека целта на неговата селекција е да го освои Светското првенство во Катар иако потенцира дека дуелот со Македонија нема да биде лесен. 

Откако заврши на второто место во квалификациите, Италија ќе мора да помине два бараж дуели за да стигне до Светското првенство во Катар. Првата пречка им е Македонија.
 
„Можеби ние не требаше да бидеме тука, но знаеме дека во фудбалот има изненадувања и потешкотии. Имаме добар состав и размислуваме позитивно, дури не ни помислуваме на сценарио Б. Ги повикав тие што мислам дека можат да бидат најкорисни, има и некои кои нема да можат да настапат на првиот, но можеби ќе можат на вториот натпревар“, вели Мачини.
 
„За дуелот со Македонија сите мислат дека е веќе добиен, но ќе биде тешко, 90 минути се, и се може да се случи. Потоа ќе имаме четири дена да се подготвиме за вториот дуел“.
 
„Нашата цел е да го освоиме Светското првенство и за да го направиме тоа ќе треба прво да победиме на овие два натпревари. Сакаме да одиме на Мундијалот и да го освоиме, не ни требаат многу говори“.
 
„Секогаш било многу возбудливо да се игра во Палермо и мислам дека и сега ќе биде така. Уверен сум во победа бидејќи имаме добри фудбалери и добри професионалци кои го освоија Европското првенство кога никој не веруваше дека формираме еден исклучителен тим кој заслужено стана европски шампион. Тоа е солидна база која не ни гарантира пласман на Светското првенство, но е нешто важно“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе