„Граѓаните“ обвинуваат дека Ливерпул е фаворизиран

Манчестер Сити уште сега „плаче“: Под знак прашалник е ставен интегритетот на првенството!

Актуелниот шампион на Англија жестоко реагираше по објавата на распоредот во Премиерлигата за декември и јануари, „граѓаните" сметаат дека тие се оштетени а Ливерпул е фаворизиран откако треба да одиграат два меча за помалку од 48 часа.

Премиерлигата со една недела доцнење го обелодени распоредот на натпреварите за последниот месец од годината, и првиот од следната. Челниците на најсилното првенство на Англија имаа тешка задача откако Амазон купи дел од ТВ правата, па дискусиите беа покомплексни од вообичаеното и креираа голема контроверзија.

Манчестер Сити беше најгласен со замерките и примедбите, актуелниот шампион се побуни дека Ливерпул е фаворизиран и под знак прашалник е ставен спортскиот интегритет на првенството.

„Граѓаните“ се бесни поради тоа што имаат два меча за помалку од 48 часа откако на 27. декември ќе гостуваат кај Волвс, а на 29. декември ќе го пречекаат Шефилд. Немаат многу одмор ниту за следниот натпревар, гостуваат кај Евертон на први јануари 2019.

Ливерпул пак гостува кај Лестер на 26. декември, на 29. декември дома се среќава со Волвс, а на 2. јануари 2019 на Енфилд има дуел со Шефилд јунајтед.

„Разочарани сме што добивме густ распоред за Божиќ. Натпреварите од Премиерлигата се исцрпувачки, и не е идеално да се игра два пати за помалку од 48 часа, играчите не добиваат соодветно време за одмор“ – вели оперативниот директор на Манчестер Сити, Омар Берада.

„Свесни сме дека компаниите кои плаќаат за ТВ правата имаа голема улога при одредувањето на распоредот, но мора да се осигураме дека здравјето на играчите ќе биде заштитено, како и спортскиот интегритет на првенството“.

Манчестер Сити уште сега заостанува осум бода зад Ливерпул, па избраниците на Пеп Гвардиола немаат право на многу киксови во продолжението од сезоната доколку сакаат да го одбранат насловот шампион на Англија.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе