Премиерлига

Манчестер Сити со крупни чекори оди кон титулата, Де Брујне донесе победа против Челси (ВИДЕО)

Со гол на Кевин Де Брујне, Манчестер Сити го победи Челси со 1-0 и му избега на +13 бодови, тешко дека некој ќе може да го стигне тимот на Пеп Гвардиола до крајот на сезоната. 

Манчестер Сити и Челси не одиграа некој возбудлив натпревар, но и двете екипи имаа свои шанси за победа, а една од нив искористија домаќините.
 
Во првиот дел Џек Грилиш ја имаше најголемата шанса, но Кепа Аризабалага го одбрани неговиот удар.
 
Можеби се ќе беше поинаку ако во 48. минута Ромелу Лукаку дадеше гол. Напаѓачот на Челси се најде во позиција еден на еден со Едерсон, но голманот на Манчестер Сити беше поуспешен.
 
Клучниот момент се случи во 70. минута кога Кевин Де Брујне пласираше убаво од далечина и постигна гол за победа на Манчестер Сити од 1-0.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе