Премиерлига

Манчестер Сити со пресврт го победи Челси во големото дерби (ВИДЕО)

Манчестер Сити со пресврт го победи Челси со 2-1 во големото дерби и се искачи на третата позиција на табелата во Премиерлигата. 

По поразот од Ливерпул, Манчестер Сити им се врати на победите откако на свој терен го победи Челси.
 
Тимот на Френк Лампард одлично го почна мечот, по асистенција на Ковачиќ во 21. минута, Канте постигна гол за водство на Челси од 1-0.
 
Но радоста не траеше долго, во 29. минута Кевин Де Брујн постигна среќен гол за израмнување на 1-1, а осум минути подоцна Махрез погоди за пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.
 
До крајот на мечот резултатот остана ист иако во судиското продолжение Манчестер Сити даде уште еден гол, Стерлинг погоди но беше за малку во офсајд па ВАР му го поништи погодокот.
 
Со овие три бода Манчестер Сити се качи на третата позиција на табелата, а Челси падна на четвртото место.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе