Челси испушти уште два бода во Премиерлигата, овојпат не успеа на свој терен да го победи Брајтон.
Лукаку даде гол во 28. минута за водство на Челси од 1-0 и се чинеше дека сините е дојдат до трите бода.
Но студен туш на Стемфорд Бриџ стигна во 91. минута кога Велбек реализираше за 1-1.
Овој кикс на Челси го искористи Манчестер Сити кој запиша уште една победа, овојпат кај Брентфорд со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше Фил Фоден уште во 16. минута од мечот.
По 20 одиграни меча Манчестер Сити има 50 бодови, Челси има 42, Ливерпул е трет со 41, но и натпревар помалку.