„Граѓаните“ испратија порака по зачестените шпекулации

Манчестер Сити се огласи по сториите кои велеа дека Пеп Гвардиола се договорил со Јувентус

Алберто Галаси, член на бордот на директори на Манчестер Сити, ги прокоментира гласините кои велеа дека Пеп Гвардиола ќе седне на кормилото на Јувентус, вели дека ваквите написи се смешни и лажни.

Шпанецот изминатиов период често се поврзуваше со кормилото на „бјанконерите“ и денеска се појавија стории кои велеа дека двете страни си подале рака и Пеп Гвардиола на 4. јуни ќе стави потпис на четиригодишен договор.

Попладнево одговор стигна од Манчестер Сити, се огласи Алберто Галаси, член на бордот на директори на „граѓаните“. Тој вели дека написите се смешни и лажни и тие не излегле со никаков демат бидејќи немало што да се демантира.

„Пеп е наш тренер, вестите дека ќе оди во Јувентус се лага. Ваквите написи само им одмагаат на лидерите на Јувентус во поотрагата по нов тренер и му носат штета на Манчестер Сити и на Пеп Гвардиола, кој наместо да ужива во одморот, треба да се справува со ова. Ве молам оставете го Пеп на мира“ – вели Галаси.

„Бев прилично изненаден кога денеска прочитав дека се е договорено, дека нашиот тренер Гвардиола ќе оди во Јувентус. Нема никаква основа за ваквите стории, па самиот Гвардиола кажа дека сака да остане. Тој има уште две години од договорт и доколку Јувентус навистина сакаше да го ангажира, сигурен сум дека прво ќе ни се обратеше нам“.

„Гвардиола е на плажа во Абу Даби, и вавките вести го нервираат. Тој е голем професионалец и не може да разбере зошто се појавуваат овие написи“.

„Апсурдно е да треба да интервенираме и да демантираме нешто што не постои“.

„Се познавам со Павел Недвед и разговаравме, добро се насмеавме на сториите. Ова што се случува е навистина смешно“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе