Манчестер Сити

Манчестер Сити разгледува како да го купи Меси без да ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј

„ЕСПН“ пишува дека Манчестер Сити разгледува како да го ангажира Лионел Меси без да ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј. 

Судот за спортска арбитража го спаси Манчестер Сити од забрана за настап во Лигата на шампионите, па англискиот клуб сега повнимателно му приопаѓа на трансфер пазарот.
 
Желба на Пеп Гвардиола е да го добие Лионел Меси, па раководството студира како да го донесе Аргентинецот а да не ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј.
 
Покрај обесштетувањето кое ќе го побара Барселона, а се верува дека нема да биде помалку од 100 милиони евра, Манчестер Сити треба на Меси да му понуди и висока плата.
 
Клубот можеби ќе треба да се ослободи од некои од фудбалерите кои ги има за да ги избалансира сметките.
 
Но, интерес за Меси нема само од Манчестер Сити, како клубови кои планираат да посегнат по Аргентинецот се и Интер и ПСЖ.
 
Според аргентинскиот весник „Оле“, Меси во наредните неколку дена ќе ја соопшти својата конечна одлука. Дали ќе остане во Барселона, или ќе го напушти Камп Ноу.
 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе