Премиерлига

Манчестер Сити повторно му даде пет гола на Барнли и изедначи постигнување старо 103 години (ВИДЕО)

„Граѓаните" попладнево го совладаа Барнли со 5-0 и станаа само вториот тим во исторјата на англискиот фудбал кој против еден ист противник на четири домашни натпревари во низа слави со пет или повеќе голови разлика.

Четврти натпревар по ред на „Етихад“ помеѓу Манчестер Сити и Барнли завршува со ист резултат, домаќините слават со 5-0.

Марез го отвори резултатот во 6. минута, а истиот играч зголеми на 2-0 во 22. минута. Пред крајот на првиот дел, Менди реализираше за 3-0.

Во продолжението од мечот, Торес зголеми на 4-0, а само две минути подоцна, Марез забележа хет-трик и ги постави конечните 5-0.

Со овој резултат, Манчестер Сити изедначи постигнување старо 103 години и стана само вториот тим во историјата на англискиот фудбал кој успеал против еден ист противник на четири домашни натпревари во низа да слави со пет или повеќе голови разлика.

Тоа претходно му успеало на Нотс Каунти во пресметките со Порт Вејл во периодот од октомври 1893 до февруари 1907 година.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе