Стигна и официјална потврда

Манчестер Сити потврди дека ја напушта Суперлигата, Чеферин веднаш реагираше

Манчестер Сити преку соопштение објави дека веднаш ја напуштаат Суперлигата, а веднаш стигна и позитивна реакција од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. 

Најавите се остварија, Манчестер Сити преку својот вебсајт објави соопштение со кое потврди дека излегува од Суперлигата.
 
„Манчестер Сити иможе да потврди дека формално ја почна процедурата за излегување од Европската Суперлига“, стои во соопштението на клубот.
 
Веднаш по соопштението се јави и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кој рече: „Среќен сум што на Манчестер Сити можам да му посакам добредојде назад во европската фудбалска фамилија. Тие покажаа голема интелегенција. Среќен сум што ќе работам со нив за подобра иднина“.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе