Веќе не се заинтересирани за Аргентинецот

Манчестер Сити поради две причини се откажува од намерата да го купи Меси

Шпанскиот фудбалски експерт, Семра Хантер тврди дека Манчестер Сити веќе не е заинтересиран за купување на Лео Меси, причина е високата плата која ја сака Аргентинецот која не е соодветна на возраста која ја има. 

Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот од оваа сезона, по што тој ќе може да замине како слободен играч од Камп Ноу. Се шпекулираше дека Манчестер Сити ќе се обиде да го донесе уште во јануари, но се чини дека тоа нема да се случи.
 
Меси не игра на своето вистинско ниво оваа сезона, па раководството на Сити се сомнева дека треба да вложи огромна сума за 33-годишниот аргентинец.
 
Семра Хантер тврди дека од блиску извори до Сити дознава дека тие повеќе не се заинтересирани за Меси.
 
„Имам информација од човек близок до ситуацијата дека Манчестер Сити нема да испрати понуда за Лео Меси. Според таа информација, вратата за Меси во Сити е затворена“, вели Хантер.
 
„Имаат две причини за тоа, годините и финансиите. Што се однесува до годините, тој доаѓа во возраст во која веќе се гледа дека не е истиот тој кој го гледавме во изминатите 17 години во Барселона“.
 
„Тоа оди рака под рака со финансиите бидејќи дури и тој да е слободен да потпише бесплатно, неговата плата е астрономски висока. Тоа би било голем удар за било кој клуб, особено поради фактот што сме во средина на пандемија“.
 
И самиот Пеп Гвардиола пред неколку дена рече дека сака Меси да ја заврши кариерата во Барселона.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе