Премиерлига

Манчестер Сити почна шампионски, Арсенал немоќен (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити им припадна на гостите кои беа многу подобар противник и на крајот сосема заслужено победија со 2-0.

Унаи Емери немаше среќа уште при ждрепката, па за противник на своето официјално деби на клупата на Арсенал го доби Манчестер Сити. Топчиите беа надиграни од шампионот и можат да бидат задоволни што примија само два гола.
 
Сити тргна офанзивно уште од самиот старт, и веќе во 13. минута преку соло пробив на Рахим Стерлинг дојде во водство од 1-0.
 
Арсенал се обидуваше да се надигрува, но шансите беа на страната на Манчестер Сити кои благодарение на одличниот Петр Чех на својот втор погодок чекаа до 64. минута.
 
Тогаш Бенџамин Менди го пронајде Бернанрдо Силва во шеснаесетникот на Арсенал, а тој ја смести топката во мрежата на Чех за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.
 
Арсенал играше лошо, неповрзано, не успеваше да создаде посериозни шанси за гол. Неколку од засилувањата дебитираа, но никој не импресионираше.
 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе