„Граѓаните“ се огласија по пет дена молк

Манчестер Сити: Обвинувањата се лажни, УЕФА не бара правда, вмешана е политиката

Генералниот извршен директор на Манчестер Сити, Феран Соријано седна на разговор со медиумскиот тим на клубот и одговори на прашања поврзани со казната која ја изрече УЕФА и забраната за настап во Лигата на шампиони од две години.

Минатиот петок, еврпската куќа на фудбалот изрече жестока казна. Поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, Манчестер Сити доби забрана за настап во Лигата на шампиони во сезоните 2020/21 и 2021/22, а ќе треба да плати и парична глоба од 30 милиони евра.

По пет дена молк, генералниот извршен директор на „граѓаните“, Феран Соријано седна на разговор со медиумскиот тим на клубот и одговори на прашања поврзани со казната која ја изрече УЕФА.

„Најважната работа што треба да се каже е дека обвинувањата се лажни, едноставно нема вистина во нив. Сопственикот нема инјектирано пари во клупската каса кои не се прикажани. Ние сме самоодржлив клуб, кој работи со профит, немаме долг, нашите сметки и извештаи беа чешлани безброј пати од страна на инспектори, ревизори, инвеститори и ова е перфектно јасно. Соработувавме во текот на целиот процес. Доставивме огромен број на документи и докази за да покажеме дека обвинувањата не се вистинити. Но на крајот, луѓето од УЕФА повеќе се наклонија на податоци извадени надвор од контекст од украдени мејлови и во втор план ги ставија доказите кои ние им ги презентиравме. Од сето она што ни се случуваше, имаме впечаток дека зад казнат има политичка позадина, УЕФА не ја интересира правдата“ - вели Феран Соријано.

„Ќе доставиме жалба до Судот за спортска арбитража, сакаме што поскоро да се донесе пресуда преку фер процес. Се надевам дека процесот ќе финишира на почетокот од летото“.

„Разговаравме со Пеп, го информиравме за процесот но тој не треба да одговара на прашања поврзани со оваа тема. Тој е фокусиран на фудбалот, на следниот натпревар. Разговаравме и со играчите, тие се спокојни, фокусирани се на нивната работа, а тоа е да играат фудбал“.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе