Сакаат да го искористат хаосот на Камп Ноу

Манчестер Сити не се откажува, во јануари ќе му понуди пред-договор на Лео Меси

Според пишувањата на Телеграф, Манчестер Сити во јануари ќе му понуди пред-договор на Лео Меси, „граѓаните" сакаат да ја искористат институционалната криза на Камп Ноу за да го ангажираат Аргентинецот.

Лео Меси минатото лето побара да замине од Камп Ноу за беспари, со денови се пишуваше за негов трансфер во Манчестер Сити, но Барселона не сакаше да слушне за едностран раскин на договорот.

Двете страни различно ја толкуваа клаузулата, односно рокот до кога таа може да се активира. На крајот Лео Меси реши да се повлече, напаѓачот не сакаше да влезе во војна и судски спор со клубот кој му даде се.

Сепак, неговата иднина и понатаму виси во воздух. Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот борд на директори си поднесоа оставки, Барселона ќе добие нов претседател кој се надева дека ќе го убеди Лео Меси да остане, но во моментов не е одреден датум за изборите.

Па Манчестер Сити сака да ја искористи институционалната криза на Камп Ноу и на почетокот од новата година ќе имаат втор обид да го обезбедат потписот на Лео Меси.

Според правилата на ФИФА, фудбалерите кои ја одработуваат последната година од договорот, од јануари слободно можат да потпишат пред-договор за друг клуб и за беспари да направат трансфер шест месеци подоцна.

Останува да се види дали „граѓаните“ ќе успеат да го убедат Лео Меси да ја прифати нивната понуда наместо да почека да слушне што има да каже новиот претседател на Барселона и како ќе изгледа новиот проект на „каталонците“.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе