Ерлинг Халанд е пред преселба во Манчестер Сити, неколку извори пренесуваат дека „граѓаните“ начелно го договориле трансферот на Норвежанецот.
Тие се сложиле да ја платат откупната клаузула од 75 милиони евра (63 милиони фунти), како и високите барања на Мино Рајола за провизија, како и бонус за потпис на договорот кои ќе ја кренат сумата на зделката на 120 милиони евра (100 милиони фунти).
Се пеглаат и деталите од договорот на Ерлинг Халанд, кој ќе добие плата колку и најплатениот во Манчестер Сити (Кевин Де Брајне).
Новинарот на Тајмс, Пол Бaлус открива дека Манчестер Сити дури и му дал специјално ветување на Ерлинг Халанд, односно дека нема да му прават никаков проблем доколку са четири или пет години побара да замине за да го оствари сонот за настап во Реал Мадрид.