Идејата е да се купат тројца играчи

Манчестер Сити ќе го одврзе ќесето за да го стигне Ливерпул, Гвардиола ќе добие 100 милиони за нови засилувања

„Граѓаните" ќе инвестираат во нови засилувања во зимскиот преоден рок за да го стигнат Ливерпул во трката за титулата, Пеп Гвардиола на располагање ќе добие најмалку 100 милиони фунти за ангажман на тројца играчи.

Манчестер Сити по поразот на Енфилд заостанува дури 9 бода зад Ливерпул, но се уште е само ноември и ништо не е загубено. За да се стигнат „црвените“, но и да се остане конкурентен во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола ќе добие солиден трансфер буџет во јануари.

Дејли Мејл вели дека Шпанецот на располагање ќе има најмалку 100 милиони фунти за засилувања. Идејата е да се ангажираат тројца играчи, а приоритет е нов централен дефанзивец.

По заминувањето на Винсент Компани и повредата на Ајмерик Лапорт, Манчестерс Сити е тенок во одбраната па Пеп Гвардиола е приморан да го игра Фернандињо во срцето на дефанзивата, и тоа му создава многу проблеми.

Пеп Гвардиола исто така ќе се обиде да најде замена за двајца ветерани во составот односно Давид Силва, кој ја игра последната сезона на Етихад и Серхио Агуеро, кој исто така е при крајот од авантурата во Манчестер Сити и има уште 18 месеци од договорот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе