Ќе биде урнат рекордот на Ван Дајк

Манчестер Сити ќе го направи Мегваер најскапиот дефанзивец во светот

Пеп Гвардиола откако е дојден во Манчестер Сити инвестира многу во дефанзивата, а сега е подготвен да плати и рекордна сума за да го добие Хери Мегваер. 

Информациите од Англија велат дека во текот на оваа недела Манчестер Сити ќе го купи Хери Мегваер од Лестер за сума од 80 милиони фунти, со тоа тој би станал најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот. 
 
Претходно рекордот го држеше Вирџил ван Дајк за кој Ливерпул плати 75 милиони фунти.
 
Мегваер минатата година потпиша нов петгодишен договор со Лестер откако Јунајтед не успеа да го ангажира.
 
Тој им кажал на пријателите дека понудата од Манчестер Сити е премногу добра за да се одбие и трансферот е во завршна ваза од реализација.
 
Гвардиола во Мегваер гледа замена за капитенот Компани кој си замина по крајот на минатата сезона и стана играч-тренер на Андерлехт.
 
Мегваер е амбициозен, сака да освојува трофеи, а во Англија нема поконкурентен клуб од Манчестер Сити со Пеп Гвардиола.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе