Поради прекршување на правилата за ФФП

Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите?!

Старо-новиот шампион на Англија, Манчестер Сити би можел да биде исфрлен од Лигата на шампионите на една сезона, ова вечерва го објави Њујорк Тајмс.

„Граѓаните“ се под лупа откако „Шпигел“ објави документи добиени од „Фудбалс ликс“ преку кои се гледа како Манчестер Сити правел шеми за да ги заобиколи правилата за Финансиски фер плеј.

Според Њујорк Тајмс, луѓето кои ги истражуваат финансиите на Манчестер Сити бараат шампионот на Англија да биде исфрлен од Лигата на шампионите на една сезона.

Сепак, се уште не е јасно дали ќе се побара тоа да биде за следната сезона или пак за сезоната 2020/21.

Исто така, се очекува Манчестер Сити силно да се спротивстави на било каква казна и да има голема правна битка.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе