Се чека одлуката на УЕФА

Манчестер Сити ја загуби жалбата, може да биде исфрлен од Лигата на шампиони

Манчестер Сити не успеа преку Судот за спортска арбитража да ја блокира истрагата на УЕФА за финансиски фер-плеј, нивната жалба е одбиена. 

Манчестер Сити побара од Судот за спортска арбитража да ја отфрли истрагата за финансиски фер-плеј која ја спроведува УЕФА врз нивниот клуб.
 
Но Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на Манчестер Сити кои сега ќе треба да ја чекаат одлуката на УЕФА која се очекува дека ќе биде следниот месец.
 
УЕФА започна истрага врз Манчестер Сити за кршење на правилата за Финансиски фер-плеј по една објава на весникот „Шпигел“ за сомнителни документи на клубот од Англија.
 
Ако утврди вина УЕФА може да му даде забрана на Манчестер Сити за играње во Европа следната сезона, но често казните се регулираат со преговори па се верува дека англискиот шампион може да помине и со парична казна.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе