Премиерлига

Манчестер Сити ја продолжи серијата, Стерлинг му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)

„Граѓаните" по седми пат во низа го совладаа Арсенал во Премиерлигата, вечерва Рахим Стерлинг донесе победа од 1-0.

„Топчиите“ никако да стават крај на лошата серија против Манчестер Сити во Премиерлигата. Последен пат имаат победено во 2015, а од 2017 па наваму само редат порази. Вечерва загубија на гостувањето на „Етихад“ со 1-0.

Клучниот момент на мечот се случи во 23. минута, Лено го обрани ударот на Фоден но Стерлинг прв стигна до одбиената топка и ја смести во мрежата за 1-0.

Во продолжението двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе