Лига на шампиони

Манчестер Сити издржа против Атлетико во Мадрид и се пласира во полуфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити заврши нерешено 0-0, па англискиот тим со вкупни 1-0 оди понатаму каде што вечерва пласман избори и Ливерпул кој одигра 3-3 против Бенфика. 

Немаше голови на Ванда Метрополитана, но имаше големи возбудувања, Атлетико Мадрид во второто полувреме со сите сили се трудеше да даде гол, но не успеа.
 
И Манчестер Сити можеше да победи, пропушти две големи шанси преку Гундоган кој во првото полувреме погоди статива, а во вториот дел излезе еден на еден со Облак но не даде гол.
 
Тимот на Симеоне изврши огромен притисок во последните 15 минути, имаа неколку доби шанси за погодок, но мрежата на Едерсон остана незатресена.
 
Во полуфиналето оди Манчестер Сити поради победата од 1-0 на Етихад, следен противник им е Реал Мадрид.

 
Во вториот денешен дуел имаше дури шест голови, Ливерпул и Бенфика одиграа 3-3. 
 
Јирген Клоп извади речиси втор состав, направи повеќе замени, но ја сочува предноста од 3-1 од првиот натпревар.
 
Конате во 21. донесе водство за Ливерпул, а Рамос десет минути подоцна израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
 
Во второто полувреме со два гола на Фирмино, Ливерпул создаде предност и од 3-1, но до крајот на мечот Јеремчук и Нуњез погодија за конечни 3-3.
 
Ливерпул во полуфиналето ќе игра против Виљареал.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе