Карабао Куп

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се специјалисти за Карабао Купот, голем триумф и над Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити изминатите три години го освојуваше Карабао Купот, а на вистинскиот пат кон трофејот оди и сега, вечерва го совлада Арсенал на Емирати со 4-1. 

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити последен пат во Карабао Купот загубиле во октомври 2016 година, отогаш имаат 18 победи и три трофеи во ова натпреварување.
 
Дека нема да му биде лесно на Арсенал се виде уште во третата минута кога Габриел Жесус погоди за водство на Сити од 1-0.
 
Арсенал успеа да се врати, во 31. минута Александре Лаказет го изедначи резултатот на 1-1.
 
Но, по девет минути игра во вториот дел, Махрез од слободен удар го врати водството на Арсенал, катастрофална реакција на голманот Рунарсон.
 
Пет минути подоцна Фоден зголеми на 3-1, а во 73. минута Лапорте ги постави конечните 4-1.
 
Покрај Манчестер Сити во полуфиналето место обезбеди и Брентфорд кој со 1-0 го победи Њукасл. 
 
Утре се играат другите два полуфинални меча, Стоук - Тотнем и Евертон Манчестер јунајтед.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе