Премиерлига

Манчестер Сити го победи Ватфорд и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Сити го искористи поразот на Челси, со 3-1 славеше на гостувањето кај Ватфорд и се искачи на првото место во Премиерлигата. 

Победата ја најави Стерлинг уште во четвртата минута од натпреварот, а Бернардо Силва во 31. зголеми на 2-0.
 
Во 63. минута Бернардо Силва постигна уште еден гол за убедлива предност на Сити од 3-0, а Ватфорд до крајот на мечот преку Кучо успеа само да ублажи на 3-1.
 
По 15 одиграни натпревари прв е Манчестер Сити со 35 бода, Ливерпул има 34 на второто место, а Челси е трет со 33.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе