Премиерлига

Манчестер Сити го победи Лестер и стигна до постигнување какво што има само Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

„Граѓаните" го пребродеа голот на Џејми Варди и со пресврт славеа со 3-1 над Лестер, со овој триумф, Манчестер Сити стана само вториот клуб кој забележал 250 победи во Премиерлигата во една декада.

Возбудливото дерби на Етихад му припадна на Манчестер Сити. Лестер поведе благодарејќи на расположениот Џејми Варди, кој по една контра ја префрли топката преку Едерсон за водство на гостите од 0-1.

Избраниците на Пеп Гвардиола сепак до крајот на полувремето го свртеа резултатот во своја корист. Марез изедначи на 1-1, а Гундоган од пенал донесе 2-1.

Трите бода беа осигурани во 69. минута, Жесус рутински ја затресе мрежата на Лестер откако остана осамен на подалечната статива.

Со овој триумф, Манчестер Сити испиша нова историја и стана само вториот тим со 250 победи во Премиерлигата во една декада. Манчестер јунајтед е првиот со вакво постигнување, „ѓаволите“ имаа 255 победи во периодот од 2000 до 2009.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе