Премиерлига

Манчестер Сити е шампион на Англија, Ливерпул не дочека кикс! (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-1 победи на гостувањето кај Брајтон и ја одбрани титулата во Премиерлигата, пиров беше триумфот на Ливерпул од 2-0 против Волвс.

Манчестер Сити ја оствари целта, повторно е шампион на Англија во една луда сезона која се решаваше во последното коло.
 
Мареј во 27. минута му донесе водство на Брајтон, но уште поважно донесе надеж за Ливерпул, сепак Манчестер Сити брзо се врати, веќе во следната минута Агуеро израмни на 1-1, а Лапорт десет минути подоцна донесе комплетен пресврт и водство за гостите од 2-1.
 
Во второто полувреме уште два гола за Манчестер Сити, Махрез погоди во 63. минута, а конечните 4-1 ги постави Гундоган со прекрасен гол од слободен удар.
 
Ливерпул со два гола на Мане дојде до победа од 2-0 над Волвс, но ова беше триумф без радост, тие чекаа кикс на Манчестер Сити кои сепак не го дочекаа. Шанса за титула ќе имаат во финалето од Лигата на шампионите.
 
Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер доживеа уште еден непријатен резултат, загуби на свој терен од Кардиф со 2-0.
 
Арсенал со 2-1 славеше на гостувањето кај Барнли, Лестер и Челси одиграа без голови 0-0, Тотнем не го победи Евертон на свој терен, мечот заврши 2-2.
 
Најубедлив беше Њукасл кој со 4-0 победи на гостувањето кај Фулам, најмногу голови имаше на мечот меѓу Кристал Палас и Борнмут кој заврши 5-3 за домаќините.
 
Вест Хем со 4-1 го совлада Ватфорд на негов терен, а Саутемптон и Хадерсфилд одиграа нерешено 1-1.
 
Ова беше шеста титула шампион на Англија за Манчестер Сити. 
 
Место во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Тотнем. А шанса за место таму ќе има и Арсенал ако го победи Челси во финалето од Лига Европа.
 
Од лигата испаднаа Кардиф, Фулам и Хадерсфилд.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе