Лига Европа

Манчестер јунајтед, Тотнем и Рома уште вечерва си ја завршија работата (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед, Тотнем и Рома со една нога се во осминафинале од Лига Европа откако вечерва на гости славеа против Реал Сосиседад, Волфзбергер и Брага.

Првите мечеви од шеснаесетфиналето во Лига Европа донесоа многу погодоци. Најубедлива победа забележа Манчестер јунајтед. Во Торино, „ѓаволите“ четири пати ја тресеа мрежата на Реал Сосиедад. 

Бруно Фернандеш погоди два пати, Рашфорд зголеми на 0-3 а во последните минути, Џејмс стави точка на натпреварот и конечни 0-4. 

Убедлив беше и Тотнем на гостувањето кај Волфзбергер, избраниците на Жозе Мурињо триумфираа со 1-4. 

Сон го отвори резултатот во 13. минута, Бејл постигна прекрасен гол за 0-2 во 28 минута, а Лукс во 34. минута стрелаше за 0-3. Линдл од пенал намали на 1-3 по десетина минути игра во второто полувреме за во 88. минута Винисиус да донесе конечни 1-4. 

Един Џеко по месец дена беше стартер за Рома и веќе во 5. минута донесе водство за „волчицата“ на гости кај Брага. За нов гол се чекаше доста, Мајорал во 86. минута погоди за 0-2 и солидна предност перд реваншот. 

Најефикасно вечерва беше на мечот Јанг Бојс-Баер Леверкузен. Домаќините на пауза заминаа со 3-0, за гостите по дваесетина минути игра во вториот дел да стигнат до 3-3. Јанг Бојс сепак стигна до победа со голот на Сибачу во 89. минута. 

Ефикасно беше и на дуелот Олимпијакос-ПСВ, каде домаќините славеа со 4-2. Голови немаше само на дуелот Славија Прага-Лестер.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе