Лига Европа

Манчестер јунајтед создаваше шанси, Севиља победи и се пласираше во финале (ВИДЕО)

Севиља е првиот финалист во Лига Европа откако го победи Манчестер јунајтед со 2-1, англискиот тим се изнапромашува сериозни шанси за гол. 

Манчестер јунајтед креираше значително повеќе шанси за гол од Севиља, но на крајот тимот од Андалузија се радуваше на финале во Лига Европа.
 
Возбудувањата на мечот почнаа многу рано, по фаул врз Рашфорд, Манчестер јунајтед доби пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш за водство на Англичаните од 1-0 уште во деветата минута.
 
Во 26. минута Сусо го изедначи резултатот на 1-1, Севиља се врати во игра, го неутрализираше водството на Манчестер јунајтед.
 
Тимот на Солшер не искористи многу шанси, особено во првите десет минути од второто полувреме во кои се изнапромашуваа.
 
Казната стигна во 78. минута кога по асистенција од Навас, Де Јонг погоди за победа од 2-1.
 
Во финалето Севиља ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Интер и Шахтар.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе