„Ѓаволите“ прават голема инвестиција во јануари

Манчестер јунајтед со 200 милиони носи двајца напаѓачи, вака може да изгледа новата офанзива на Солшер (ФОТО)

Оле Гунар Солшер и „ѓаволите" нема да штедат за да креираат тим во кој головите сигурно ќе бидат загарантирани, со 200 милиони фунти ќе ги донесат Ерлинг Браут Халанд и Џејдон Санчо.

Доколку се остварат последните најави на весниците од „островото“, Манчестер јунајтед ќе има страшна офанзива во иднина, составена од млади, брзи и пробивни фудбалери.

„Ѓаволите“ во зимскиот преоден рок планираат да ги ангажираат Ерлинг Браут Халанд и Џејдон Санчо. Норвежанецот и Англичанецот блескаат во РБ Салцбург, односно Борусија Дортмунд и се на мета на многу гиганти. За да ја победи конкуренцијата, клубот од Олд Трафорд е подготвен да инвестира 200 милиони фунти.

Двајцата играчи, кои имаат по 19 години, се приоритет на Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед нема да штеди за да креира тим во кој головите сигурно ќе бидат загарантирани.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе