„Црвените“ се многу блиску до потпис со напаѓачот

Манчестер јунајтед смета дека Ливерпул ќе направи грешка со рекордниот трансфер на Дарвин Нуњез

Ливерпул е многу блиску до ангажман на Дарвин Нуњез од Бенфика а според пишувањата на ЕСПН, во Манчестер јунајтед сметаат дека „црвените" ќе платат многу повеќе од тоа што реално вреди напаѓачот.

Неколку извори пренесуваат дека Ливерпул е на чекор до потпис со Дарвин Нуњез, со Бенфика се пеглаат деталите за трансферот од 80+20 милони евра а Уругваецот веќе кажал ДА за преселба на Енфилд и играње под водствот на Јирген Клоп.

Како што пренесува ЕСПН, и Манчестер јунајтед бил заинтересиран за фудбалерот од Уругвај.

Сепак, „ѓаволите“ не сакале да влезат во војна на наддавање и сметале дека Ливерпул ќе плати многу повеќе од она што реално вреди напаѓачот.

Со сума од 100 милиони евра, 22 годишниот напаѓач ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот од Енфилд. Бенфика пред две години за неговите услоги одвои околу 24 милиони евра, па ќе направи огромен профит од оваа зделка.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе