Лига Европа

Манчестер јунајтед прелесно се справи со Партизан и се пласираше во нок-аут рундата (ВИДЕО)

„Ѓаволите" без многу проблеми ја добија пресметката со Партизан на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед стигна до триумф од 3-0 кој значеше пласман во шеснаесетфинале во Лига Европа.

Оле Гунар Солшер со малку калкулации влезе во пресметката со Партизан, на теренот пушти силен состав, па домаќините прелесно стигнаа до триумф од 3-0. Тинејџерот Гринвуд го отвори резултатот, за Марсијал да големи на 2-0 во 33. Минута од мечот.

По пет минути игра во вториот дел, Рашфорд ги реши сите дилеми и прекрасно погоди под пречката за 3-0. Со овие три бода, „ѓаволите“ го осигураа пласманот во нок-аут фаазта од Лига Европа.

Најефикасно денеска беше во Барселона, каде Еспањол со 6-0 го совлада Лудогорец. Клубот од Бугарија настрада откако остана со двајца играчи помалку по 35. минути игра, а во овој период веќе имаше и негатива од 3-0. Во продолжението од мечот, домаќините уште три пати ја тресеа мрежата на противникот за убедлива победа.

Драма имаше во Менхенгладбах, каде Борусија со голот на Турам во 95. минута стигна до триумф од 2-1 над Рома и драстично си ги зголеми шансите за шеснаесетфинале.

Доцен гол падна и во Вулверхемптон, каде „волците“ со погодокот на Хименез во 92. минута славаеа со 1-0 против Слован Братислава.

Резултати од 21 часот:

Група Г

Феенорд - Јанг Бојс 1:1
Ренџерс - Порто 2:0

Група Х

Еспањол - Лудогорец 6:0
Ференцварош - ЦСКА Москва 0:0

Група И

Волфзбург - Гент 1:3
Олександрија - Сент Етјен 2:2

Група Ј

Борусија М. - Рома 2:1
Волфзбергер - Башакшехир 0:3

Група К

Брага - Бешикташ 3:1
Вулверхемптон - Слован Братислава 1:0

Група Л

Манчестер јунаитед - Партизан 3-0

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе