Премиерлига

Манчестер јунајтед поведе со голот на Мектоминеј, па му подари бод на Арсенал (ВИДЕО)

Големото дерби на Олд Трафорд заврши без победник, Манчестер јунајтед поведе со голот на Мектоминеј, па во вториот дел му подари гол и бод на Арсенал.

Во последниот натпревар од седмото коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите.

Домаќините поведоа пред крајот на првиот дел кога Мектоминеј од врвот на шеснаесетникот прекрасно биеше под пречката за 1-0.

„Топчиите“ стигнаа до изедначување во 58. минута кога Туанзебе погреши при една вратена топка а Обамејанг го матираше Де Хеа за 1-1. Славјето на Арсенал на кратко беше прекинато откако помошникот неочекувано го крена знаменцето и покрај тоа што напаѓачот на гостите беше два метри во дозволена позиција. За среќа ВАР ја преиначи одлуката и Кевин Френд покажа кон центарот.

Манчестер јунајтед се обиде повторно да се врати во водство, Мектоминеј промаши зицер од пет метри при еден корнер, а во финишот Лено со крајни напори го спречи обидот на Рашфорд од слободен удар.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе