Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед потврди, Солскјер станува перманентен тренер

Манчестер јунајтед соопшти дека Оле Гунер Солскјер останува на клупата откако утринава потпиша тригодишен договор.

По доаѓањето на клупата на Манчестер јунајтед, Солскјер го препороди тимот и оствари фантастични резултати, како награда за тоа раководството му даде договор.
 
„Манчестер јунајтед соопштува дека сегашниот тренер и поранешен напаѓач, Оле Гунар Солскјер е назначен за перманентен тренер на тригодишен договор“, стои во соопштението на клубот.
 
Откако го замени Мурињо, Солскјер оствари осум победи по ред, вкупно има 14 победи и две нерешени средби од 19. Тој го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите и закажа четвртфинале со Барселона.
 
„Од првиот ден откако дојдов се чувствував како дома во овој посебен клуб. Беше чест да се биде играч на Манчестер јунајтед, а потоа да бидам тренер тука. Изминатите неколку месеци беа фантастично искуство и сакам да им заблагодарам на сите тренери, играчи и стручниот штаб за работата која ја направија досега. Ова е работа за која отсекогаш сонував и возбуден сум што имам шанса долгорочно да го водам тимот и се надевам дека ќе испорачам континуиран успех кој нашите неверојатни фанови го заслужуваат“, изјави Солскјер.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе