Конечно

Манчестер јунајтед потврди, постигнале договор за трансфер на Бруно Фернандеш

Манчестер јунајтед преку својот веб сајт потврди дека постигнале договор со Спортинг Лисабон за трансфер на Бруно Фернандеш. 

Завршува трансфер сагата на Бруно Фернандеш, тој наскоро ќе стави потпис на договор со Манчестер јунајтед.
 
Англискиот клуб потврди дека тие постигнале договор со Спортинг Лисабон за трансфер на фудбалерот.
 
Се верува дека трансферот ќе го чини Јунајтед околу 68 милиони фунти.
 
Фернандеш утре (четврток) треба да отпатува во Манчестер каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор со Јунајтед по што трансферот ќе биде комплетиран.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе