Сепак, англиските медиуми шпекулираат дека Манчестер јунајтед ја разгледува можноста да му го раскине договорот на Кристијано Роналдо кој му истекува до крајот на сезоната.
Тоа значи дека Португалецот нема да ги добие преостанатите плати од договорот, сума која изнесува околу 16 милиони евра.
Плус, Манчестер јунајтед сака да го тужи Роналдо за делови од интервјуто во кои тој зборува против клубот.
Се зборува дека во Манчестер јунајтед не сакаат да го видат Роналдо и не сакаат тој да пристигне во тренинг центарот по завршувањето на Светското првенство.
Во меѓувреме неговиот агент, Жорж Мендеш му бара нов клуб каде Роналдо би требало да се пресели од јануари.