Премиерлига

Манчестер јунајтед одигра реми кај Волвс, Погба промаши пенал (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед пропушти голема шанса да запише три нови бода во Премиерлигата, одигра 1-1 на гостувањето кај Волвс, Погба е трагичар на мечот.

Манчестер јунајтед одигра одлично прво полувреме во кое водеше со 1-0 благодарение на гол на Марсијал. 
 
Волвс ја крена играта во вториот дел, нападна и со прекрасен гол на Невеш во 55. минута го изедначи резултатот на 1-1.
 
Десет минути подоцна беше досуден пенал за Манчестер јунајтед, наместо Рашфорд да го шутира кој даде гол од белата точка против Челси, топката ја зема Погба и промаши. Беше прочитан од одличниот Руи Патрисио кој го одбрани ударот.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе