Ќе се прави чистка на Олд Трафорд

Манчестер јунајтед на продажба става седум фудбалери, „ѓаволите“ ќе прибираат пари за засислувања

Медиумите од Англија пишуваат дека ќе има чистка на Олд Трафорд, ќе се бара купец за седум фудбалери со цел да се приберат пари за засилувања на тимот, прва желба е Деклан Рајс од Вест Хем.

„Ѓаволите“ изминатово лето потрошија околу 125 милиони фунти на засилувања, пристигнаа Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо. Ваквиот активности на трансфер пазарот придонесоа да нема место во буџетот за нов дефанзивец од средниот ред. Па затоа Манчестер јунајтед е подготвен во јануари да продаде седум фудбалери за да се приберат средства.

Како што пишуваат медиумите од Англија ќе се бара купец за Антони Марсијал, Дони ван де Бек, Џеси Лингард, Фил Џонс, Ерик Баји, Диего Далот и Алекс Телеш.

Се работи за играчи на кои Оле Гунар Солшер нема да смета многу во продолжението од сезоната, сите заедно имаат поминато околу 250 минути на терените во првите пет натпревари.

Што се однесува до засилувањата, прва желба на Манчестер јунајтед е Деклан Рајс од Вест Хем, за кого се верува дека ќе бидат потребни 100 милиони фунти.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе