Премиерлига

Манчестер јунајтед му се одмазди на Тотнем, тимот на Мурињо ги губи шансите за ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед му се реваншираше на Тотнем за високиот пораз на почетокот од сезоната, момците на Солшер со пресврт во второто полувреме дојдоа до триумф од 3-1. 

Возбудливо дерби одиграа Тотнем и Манчестер јунајтед, со четири гола, контроверзни моменти, шанси и една статива.
 
Возбудувањата почнаа во 35. минута кога Кавани постигна гол, но судијата му го поништи поради претходен прекршок на Мектоминеј над Сон. Сомнитлна ситуација.
 
Пет минути подоцна по една убава акција, Сон даде гол за водство на Тотнем од 1-0. Со тој резултат се замина на полувремето.
 
Во 57. минута Манчестер јунајтед изедначи, Кавани шутираше, Лорис одбрани, топката дојде до Фред кој погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 79. минута по асистенција од Бруно Фернандеш, Кавани постигна гол за комплетен пресврт и водство од 2-1.
 
Малку фалеше Тотнем да израмни со автогол на Кавани, Уругваецот ја погоди стативата од својот гол.
 
Пред последниот свиреж на судијата, Гринвуд погоди во 96. минута и ги постави конечните 3-1.
 
Со овој пораз на седум кола до крајот се чини декка Тотнем ги загуби шансите за пласман во топ четири. Во моментов се на седмата позиција со шест бода помалку од четвртопласираниот Вест Хем.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе