Последниот збор го има Тен Хаг

Манчестер јунајтед ќе му дозвoли на Роналдо да си оди

Ставот на Манчестер јунајтед беше дека Кристијано Роналдо не е на продажба, но работите сега се менуваат и раководството на клубот ќе дозволи негово заминување ако тоа го сака Тен Хаг.

Манчестер јунајтед има очаен старт на сезоната во Премиерлигата, два порази во првите две кола и тоа од Брајтон и Брентфорд.
 
Некои прстот го вперија во Кристијано Роналдо кого го обвинуваат за лошата атмосфера во тимот. Португалецот се појави дури на крајот од подготовките на тимот, а видливо е дека неговиот однос со Тен Хаг не е идеален.
 
„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер јунајтед дава зелено светло за заминување на Роналдо, а последниот збор му го дава на Ерик тен Хаг, ако тој смета дека ќе биде подобро без Кристијано, тогаш тој може да си оди.
 
Веројатно Роналдо ќе добие дозвола и од Тен Хаг за заминување, па ќе остане на неговиот агент, Жорж Мендеш да му пронајде нов клуб.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе