Манчестер јунајтед ќе купува од Јувентус во јануари

Информациите од Англија и Италија велат дека Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок ќе го купи Марио Манџукиќ од Јувентус.

Во летниот преоден рок Манчестер јунајтед го продаде Ромелу Лукаку, но не донесе негова замена.
 
Веројатно во Јунајтед тогаш мислеа дека некој од актуелните играчи во составот ќе може да биде централен напаѓач, но во пракса тоа не се покажа. Иако има многу офанзивни фудбалери, Манчестер јунајтед нема класичен шпиц.
 
Марио Манџукиќ не е во плановите на Маурицио Сари до тој степен што не е ни пријавен во составот кој ќе игра во Лигата на шампионите.
 
Хрватот ќе си замине уште во јануари, а се верува дека неговата следна дестинација ќе биде Манчестер јунајтед.
 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе