„Ѓаволите“ имаат план за враќање на врвот

Манчестер јунајтед ќе го одврзе ќесето, носи осум засилувања за да креира шампионски тим

„Ѓаволите" имаат план како да се вратат на врвот, во следните две лета ќе бидат донесени осум засилувања за да се креира нов шампионски тим за сезоната 2021/22.

Клубот од Олд Трафорд започна реконструкција по лошите резултати минатата сезона. Оле Гунар Солшер беше именуван за нов тренер, а изминатово лето беа донесени неколку засилувања.

Резултатите на почетокот од сезоната се катастрофални, па веќе се шпекулира за отказ на Норвежанецот. Но лидерите на клубот се решени да бидат трпеливи и да му дадат време на Оле Гунар Солшер, и тој ќе ја задржи работата дури и да загуби во пресметката со лутиот ривал Ливерпул следното коло.

Според пишувањата на Телеграф, раководството е свесно дека тие немаат тим за титула, и проценуваат дека им недостигнаат најмалку шест играчи за состав кој ќе атакуваат на трофеи.

Па за да се изгради шампионски тим, „ѓаволите“ ќе го одврзат ќесето и во следните две лета планираат да донесат дури осум засилувања, односно по четири секое лето. Планот може да претепи одредени корекции, и барем едно звучно име да биде донесено веќе во јануари. Манчестер јунајтед избегнува да прави големи трансфери во зимскиот преоден рок и бизнисот да го врши на лето, но сега може да се направи отстапка од ова правило, и на почетокот од годината да пристигне нов играч за да се пополнат одредни дупки во составот.

Телеграф не шпекулира со имињата кои ќе бидат на агендата на Манчестер јунајтед, но затоа пак Сан вели дека повторно ќе се пазари од Лестер. Клубот од Олд Трафорд е подготвен да плати 130 милиони фунти за левиот бек Бен Чилвел и фудбалерот од средниот ред Џејмс Медисон. 

Во меѓувреме, се шпекулира дека Шевролет нема намера да го продолжи спонзорскиот договор. Автомобилскиот гигант одвојува преку 50 милиони фунти годишно за неговото лого да стои на дресот на „ѓаволите“, но нема голем бенефит бидејќи клубот бележи слаби резултати.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе