По изјавите на играчот дека можно е да замине

Манчестер јунајтед ја затвори вратата, „ѓаволите“ нема да го продадат Пол Погба ниту за 200 милиони евра

Пол Погба можеби има дилеми за својата иднина, но за Манчестер јунајтед се е јасно, Французинот нема да биде продаден ова лето ниту за 200 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред е желба на Зинедин Зидан, кој во Пол Погба гледа последен и клучен дел од новиот проект кој се креира во Реал ова лето.

По дуелот со Челси на стартот од новата сезона во Премиерлигата, Французинот истакна дека има голем знак прашалник за неговата иднина и времето ќе покаже дали ќе заврши во Мадрид.

Сепак, за Манчестер јунајтед нема никакви дилеми, Пол Погба нема шанси да замине сега откако трансфер пазарот во Англија заврши.

„Ѓаволите“ му порачале дека останува, и нема да добие зелено светло за трансфер дури и да пристигне понуда од 200 милиони евра.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе