Лига Европа

Манчестер јунајтед ја потопи Рома, Виљареал може да жали што само со 2-1 го победи Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 6-2 ја победи Рома во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа, Виљареал со 2-1 го совлада Арсенал. 

Манчестер јунајтед веќе може да почне да размислува на финалето од Лига Европа откако со 6-2 ја совлада Рома која водеше по првото полувреме на Олд Трафорд.
 
Манчестер јунајтед поведе уште во деветата минута со гол на Бруно Фернандеш, но следуваа погодоци на Пелегрини и Џеко за комплетен пресврт и водство на Рома од 2-1. Со тој резултат беше завршено првото полувреме.
 
Во вториот дел се случи тотален пад на италијанскиот клуб кој го најави Кавани со гол по само три минути игра во вториот дел кога израмни на 2-2.
 
Во 64. минута Кавани постигна нов гол и го врати водството на Манчестер јунајтед, до крајот постигнаа голови Бруно Фернандеш од пенал, Погба и Гринвуд за конечни 6-2.
 
Би било вистинско чудо ако Манчестер јунајтед го прокоцка овој фантастичен резултат на Олимпико во Рим.

Интересен беше и мечот на Ел Мадригал каде Виљареал го победи Арсенал со 2-1. Жолтата подморница може да жали што не победи со повисока разлика.
 
По половина час игра Виљареал имаше водство од 2-0, Тригерос и Албиол постигнаа голови за домаќините.
 
На полувремето Емери го извади Алкасер, го стави Кокелан, реши да го згусне средниот ред на сметка на нападот и тоа се покажа како погрешен потег.
 
Во 57. минута Арсенал остана со фудбалер помалку откако Себаљос доби втор жолт картон, се чинеше дека тука е крајот на топчиите, но не беше така.
 
Арсенал доби пенал во 73. минута, можеби престрого досуден, но тоа не му пречеше на Пепе да намали на 2-1.
 
Седум минути подоцна Капуе беше исклучен кај Виљареал и силите на теренот беа израмнети.
 
На крајот Виљареал може да жали бидејќи имаа водство од 2-0 и играч повеќе.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе