Премиерлига

Манчестер јунајтед изедначи рекорд на „непобедливиот“ Арсенал, Тотнем славеше кај Волвс (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го изедначи рекордот на Арсенал од 27 натпревари во низа без пораз на гостување откако попладнево одигра 1-1 против Саутемптон, Тотнем со минимални 0-1 триумфираше кај Вулверхемптон.

„Ѓаволите“ изедначија рекорд на „непобедливиот“ Арсенал од 2003-2004 година, но Оле Гунар Солшер нема да биде многу задоволен бидејќи се испуштени два бода. Манчестер јунајтед одигра 1-1 кај Саутемптон и на 27 натпревари во низа во Премиерлигата е без пораз на гостински терен.

Саутемптон поведе по половина час игра, Фред си ја затресе сопствената мрежа при обид да го изблокира ударот на Че Адамс. Гостите изедначија во 55. минута, Гринвуд донесе 1-1 на асистенција на Погба.

На вториот денешен натпревар од 15 часот во Премиерлигата, Тотнем славеше со 0-1 кај Вулверхемптон. Стрелец на погодокот вреден три бода беше Деле Али од пенал во 9. минута.

Добра вест за „спарси“ е враќањето на Хари Кејн, напаѓачот влезе во игра во второто полувреме.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе