Премиерлига

Манчестер јунајтед имаше помал посед ама му даде три на Брајтон, а можеше и барем уште толку (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед скокна на седмото место на табелата откако попладнево пред своите фанови со 3-1 ја доби пресметката со Брајтон, „ѓаволите" иако имаа помал посед на топката, креираа многу повеќе шанси.

Избраниците на Солшер им се вратија на победите во Премиерлигата, попладнево на Олд Трафорд го совладаа Брајтон. Гостите можеби имаа поголем посед, но „ѓаволите“ им дадоатри гола, а можеа барем уште толку.

Резултатот беше отворен во 17. минута, Перира биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од дефанзивците и заврши во мрежата. Две минути подоцна веќе беше 2-0, Пропер си постигна автогол.

Данг во 64. Минута намали на 2-1 и најави интересен финиш, но Манчестер јунајтед веднаш реагираше, Рашфорд постигна гол во 66. минута и ги реши дилемите околу победникот.

На вториот натпревар од 15 часот во Премиерлигата, Вулверхемптон со 2-1 ја совлада Астон Вила.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе