За Мурињо тој најдобриот во својата генерација

Манчестер јунајтед има нов бек, Диого Далот

Манчестер јунајтед потпиша петгодишен договор со 19-годишниот бек од Порто, Диего Далот за сума од околу 20 милиони евра.

Манчестер јунајтед денеска го промовираше првото засилување оваа сезона, младиот бек на Порто, Диего Далот.
 
„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека потпиша со Диего Далот од Порто петгодишен договор, со опција за продолжување на уште една“, стои во соопштението.
 
Далот на почетокот од минатата сезона влезе во првиот тим на Порто, тој е младински репрезентативец на Португалија. Мурињо има многу пофални зборови за фудбалерот.
 
„Диого е екстремно талентиран млад дефанзивец со сите квалитети брзо да стане голем фудбалер за овој клуб. Тој ги има сите атрибути што треба да ги има еден бек, физикус, тактичка интелегенција и технички квалитети, тоа комбинирано со менталитетот кој го имаат играчите од академијата на Потро која им го дава искуството кое треба да го имаат за професионален фудбал. Во својата генерација тој е најдобриот бек во Европа и веруваме дека има светла иднина во Манчестер јунајтед, вели Жозе Мурињо.
 
Задоволството не го криеше ниту самиот фудбалер.
 
„Потпишувањето за Манчестер јунајтед е неверојатна можност за мене. Ја созреав во академијата на Порто и сум им многу благодарен на сите за тоа што го направија за мене. Но шансата да дојдам во најголемиот клуб во светот е нешто што не можев да го одбијам. Возбуден сум што ќе работам со Жозе Мурињо и ќе се обидам да научам се што можам од така успешен тренер“, вели Диого Далот.
 
Тој може да игра и на двете бековски позиции. Според медиумите, Манчестер јунајтед за овој трансфер ќе плати 20 милиони евра.
 
Наскоро клубот треба да го промовира и Фред чиј трансфер е веќе договорот и треба да се официјализира откако ќе завршат сите формалности.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе