Лига Европа

Манчестер јунајтед и Интер сигурни, ВАР ја спаси Севиља, елиминација за Ајакс, Бенфика и Селтик (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со триумф од 5-0 над Клуб Бриж го завери пласманот во осминафинале, Интер по втор пат го совлада Лудогорец, овој пат со 2-1 и го потворди прогресот во следната рунда.

„Ѓаволите“ ја оправдаа фаворитската улога против Клуб Бриж, пред своите фанови славеа со високи 5-0 и се пласираа во осминафинале од Лига Европа. Работата им беше олеснета во 23. минута од мечот кога Дели реагираше како голман и со рака го одбрани ударот на Џејмс.

Манчестер јунајтед доби пенал, кој Бруно Фернандеш прецизно го реализираше, а гостите останаа со играч помалку откако Дели заработи црвен картон за непромислениот потег.

Одион Игало потоа го постигна својот деби погодок за 2-0, а до крајот на првиот дел Мектоминеј реализираше за 3-0. Во завршницата од мечот, Фред зголеми на 4-0, а истиот играч во судиското надополнување го постигна конечниот резултат.

На „Џузепе Меаца“, пред празни трибини, Интер по втор пат го совлада Лудогорец. Гостите поведоа преку Оливер Соуза, но „нероаѕурите“ до полувреме го свртеа резултатот во своја корист и со погодоците на Бираги и Лукаку стигнаа до триумф од 2-1.

Ајакс со 2-1 го совлада Хетафе, но тоа не беше доволно па клубот од Амстердам по елиминацијата од Лигата на шампионите, брзо ја заврши и авантурата во Лига Европа. Бенфика исто така не ја преживеа првата нок-аут рунда откако вечерва дома одигра 3-3 со Шахтар. Елиминација доживеа и Селтик по поразот од 1-3 пред своите фанови во пресметката со Копенхаген.

Пред елиминација беше и Севиља, но „андалузијците“ се спасија со помош на ВАР. ЦФР Клуж погоди во 88. минута од мечот, но поради игра со рака, голот беше поништен и мечот заврши 0-0.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе