На ред се бонусите и деталите

Манчестер јунајтед и Барселона ја договориле фиксната сума од трансферот на Де Јонг

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед и Барселона постигнале договор за трансфер на Френки де Јонг вреден 65 милиони евра, сега треба да се испеглаат бонусите и деталите.

„Ѓаволите“ се блиску до ангажман на Френки де Јонг, голем број извори пренесуваат дека паднал договор за трансфер вреден 65 милиони евра.

Манчестер јунајтед и Барселона сега треба да ги дефинираат и бонусите, се верува дека клубот од Олд Трафорд ќе одвои уште 15 милиони евра во бонуси и целосната вредноста на зделката ќе се искачи на 80 милиони евра.

Треба да се испеглаат и деталите, но преговорите бележат позитивен прогрес и наскоро се очекува двата клуба да си подадат рака.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе